Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Веспрем продолжи со одличните настапи во унгарскиот шампионат, а македонскиот репрезентативец Дејан Манасков стигна до голем јубилеј во кариерата, односно 400 голови во дресот на унгарскиот шампион.
Манасков на дуелот против Ференцварош стигна до бројката од 400 голови, а унгарскиот тим му го честиташе јубилејот преку социјалните мрежи.
Македонскиот ракометар е во одлична форма сезонава и дефинитивно е еден од најдобрите ракометари на Веспрем, со кој ќе се бори за титулата во Лигата на шампиони на крајот на годинава.