Манчестер Јунајтед ангажира 16-годишен голман


ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition* ↓↓↓


Голманите кои поминуваат низ младинската школа на Манчестер Јунајтед ретко добиваат можност да бранат за првиот тим од Олд Трафорд

Манчестер Јунајтед е на чекор до реализација на трансферот на 16-годишниот голман Чарли Харди, кој брани за кадетскиот тим на прволигашот Дерби Каунти, објавија британските медиуми.

Талентираниот голман досега има пет настапи за кадетската репрезентација (У16) на Англија. Младиот голман ќе се приклучи на младинската школа на Црвените Ѓаволи.

Голманите кои поминуваат низ младинската школа на Манчестер Јунајтед ретко добиваат можност да бранат за првиот тим од Олд Трафорд. Во последните 40 години само Дин Хендерсон (28), сегашен голман на Кристал Палас, доби можност да брани за првиот тим на Јунајтед. Во сезоната 2020/21, тој одигра 26 натпревари, но тогаш го замени Шпанецот Давид де Хеа.