Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓
Манчестер Јунајтед го заврши првото значајно засилување за претстојната сезона со потпишувањето на договор со бразилскиот напаѓач Матеус Куња, купен од Вулверхемптон за сума од 62,5 милиони фунти.
По неколкудневни дебати и индикации дека трансферот е скоро завршен, клубот од „Олд Трафорд“ денес конечно објави дека Куња ќе носи дрес на „црвените ѓаволи“.
Според објавените информации на социјалните мрежи, напаѓачот склучил петгодишен договор со можност за продолжување, што покажува дека управата на клубот сериозно ја гледа неговата улога во идните планови.
Фото: Принтскрин