Манчестер јунајтед му ја „краде“ големата желба на Арсенал


Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Откако започна летниот трансфер период, сосема е очигледно дека Манчестер Јунајтед сака нов напаѓач, но нивните цели се доста разновидни. Нема јасен, очигледен број девет кого англискиот клуб сака да го доведе, барем засега.

Меѓу многуте имиња за кои Манчестер јунајтед се заинтересирани ова лето е и ѕвездата на РБ Лајпциг, Бенјамин Шешко. Овој словенечки број девет се смета за еден од најголемите напаѓачки таленти во европскиот фудбал во моментот.

Според признатиот новинар Кристијан Фалк преку Caught Offside, Јунајтед треба да се договори за цена од околу 77,5 милиони фунти за да го потпише Бенјамин Шешко. Арсенал е уште еден клуб кој силно се интересира за неговите услуги и имаат напреднати преговори, но тој е прескап за двата клуба.

На само 22 години, Шешко постигна 21 гол и асистираше за 6 во 45 натпревари минатата сезона. Тој ги има сите атрибути да стане еден од најдобрите во светот, а неговата продуктивност може да се подобри ако игра за подобар тим.

Фото: Принтскрин