Приказната за Ballon Twister: Се започнува со една идеја! ↓↓↓
Официјално, Манчестер Јунајтед го реализираше трансферот на бразилскиот напаѓач Матеус Куња од Вулверхемптон, како едно од првите засилувања за претстојната сезона.
По пристигнувањето, новинарот Фабрицио Романо објави дека Куња ќе го добие прочуениот дрес со број 10. Овој број низ годините го носеа некои од најпознатите играчи на клубот, меѓу кои Вејн Руни и Руд ван Нистелрој.
Клубот се надева дека тој ќе донесе свежина и агресија во нападот. Давањето на бројот 10 се гледа како сигурен знак за високите очекувања што клубот ги има од него.
Фото: Принтскрин