Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓
Манчестер јунајтед подготвува огромна понуда за да го доведе Антоан Семењо и да го „украде“ од останатите заинтересирани клубови.
Антоан Семењо блеска во дресот на Борнмут и привлече внимание од најголемите клубови во Премиер лигата – кои размислуваат за негов ангажман за време на јануарскиот преоден рок.
За 25-годишниот играч веќе пројавиле интерес тимови како Њукасл, Арсенал, Манчестер јунајтед, Тотенхем, како и Ливерпул.
Управата на Борнмут, меѓутоа, поставила висока цена за репрезентативецот на Гана, проценувајќи го на 75 милиони фунти.
Според пишувањата на странските медиуми, Манчестер јунајтед наводно значително напредувал во преговорите. На состанок со агентот на африканскиот фудбалер, клубот изразил намера да ја активира договорната клаузула, нудејќи му петгодишен договор и дрес со неговиот омилен број 24.
















