Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Многу напаѓачи се поврзуваа во последно време со трансфер на Олд Трафорд, но изгледа дека ништо нема да се оствари од тоа.
Имено, тренерот на Манчестер Јунајтед го одобри доаѓањето на Калверт-Луин, играч кој е без клуб бидејќи му истече договорот со Евертон.
Некогаш овој фудбалер вредеше многу и англиските великани се обидуваа да го доведат во своите редови, но не успеаја.
Сега договорот со Евертон му истече и Манчестер Јунајтед сака да го донесе во своите редови секако бесплатно.
Порано во Манчестер Јунајтед стигна напаѓачот на Вулверхемптон Матеус Куња и тоа за преку 70 милиони евра.
Расмус Хојлунд, Маркус Рашфорд, Алехандро Гарначо, Џејдон Санчо и Антони се на продажба и јасно е зошто Аморим сака нови напаѓачи.
Калверт-Луин играше одлично во периодот од 2019 до 2021 година, но потоа повредите си го направија своето.
Фото: Принтскрин