Манчестер јунајтед со астрономска плата ја мами ѕвездата на Брентфорд


Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Манчестер Јунајтед ова лето ќе мора да се сврти кон трансфер пазарот за да го засили играчкиот кадар, а сега „брка“ играч од Бренфорд.

Црвените ѓаволи зад себе имаат една од најлошите сезони во својата историја.

Во англиската Премиер лига завршија на разочарувачкото 16. место, а во домашните купови испаднаа во раните фази.

Завршниот удар им го зададе екипата на Тотенхем Хотспур кога ги победија во англиското финале на Европската лига и останаа дури и без тој трофеј.

Манчестер Јунајтед наредната сезона нема да игра во Европа и без сомнение е дека ќе мора да дојде до промени во играчкиот кадар.

Матеус Куња веќе потпиша за клубот од црвениот дел на Манчестер, но тука се разбира нема да биде крај на нивната активност на трансфер пазарот.

Како што наведува англискиот новинар Алекс Крук, договорот помеѓу Мбеумо и Црвените ѓаволи веќе е постигнат и ги прифатија неговите услови.

Платата за францускиот напаѓач ќе биде неверојатни 250.000 фунти (нешто помалку од 300.000 евра) на неделна основа.

Фото: Принтскрин

.