Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓
Рубен Аморим никако не е импресиониран од она што го виде од Андре Онана и започна потрага по негова замена, а изборот падна на „најдобриот голман на светот”.
Минатата сезона беше големо разочарување за сите во Манчестер Јунајтед. Не само што завршија на 15. место на табелата во Премиершип, туку беа и поразени во финалето од Лига Европа со 1:0 од Тотенхем.
Сепак, сите во Манчестер Јунајтед сакаат веќе во следната сезона да направат големо враќање, а пред сè тоа мораат да извршат добар трансфер период ова лето.
Матеус Куња пристигна во Манчестер Јунајтед од Волвс, а Аморим планира да го користи на позицијата еден од двајцата предни играчи во неговиот тим.
Манчестер Јунајтед е во преговори и со фудбалерот од Брентфорд, Брајан Мбеумо, а Рубен Аморим е во потрага и за нов голман.
Андре Онана пристигна во Манчестер Јунајтед во времето на Ерик тен Хаг, но неговите настапи во тимот од Олд Трафорд беа далеку од добри.
Како што пренесува TEAMtalk, Манчестер Јунајтед одлучи дека ќе оди на сé или ништо ова лето кога станува збор за голманот на Астон Вила, Емилијано Мартинез.
Фото: Grok AI