Манчестер Јунајтед би можел да реализира шокантен трансфер до крајот на преодниот рок


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед е еден од тимовите кои посакуваат да го ангажираат Давид Алаба од редовите на Баерн Минхен.

Австрискиот интернационалец е во војна со управата на Баер Минхен и постои голема веројатност тој да си  оди од клубот до крајот на преодниот рок.

Манчестер Јунајтед има потреба од лев бек и засега преговараат за ангажман на Алекс Телеш од Порто, но преговорите за овој играч се одолговлекоа па се уште не е познато дали Бразилецот ќе пристине на „Олд Трафорд“.

Затоа „Сан“ пишува дека постои можност за шокантен трансфер на Алаба на Островот во тимот на Манчестер Јунајтед.