Манчестер Јунајтед блиску до ангажман на првото летно засилување


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Еминентниот „Скај Спортс“ пренесува дека Манчестер Јунајтед е блиску до ангажман на крилниот фудбалер на Свонси, Даниел Џејмс.

„Ѓаволите“ за младиот 21 годишен фудбалер се подготвени да платат 15 милиони фунти, сума која е прифатлива за клубот од Велс.

Џејмс веќе има неколку настапи за репрезентацијата на Велс, а со тимот на Свонси има договор до 2020 година.

За брзоногиот фудбалер интерес имаше од таборот на Лидс Јунајтед кој не успеа да го донесе во зимскиот преоден рок откако трансферот пропадна во последните моменти од јануарскиот преоден рок.