Манчестер Јунајтед блокирал позајмица на Анхел Гомес поради една причина


Скопје троши вода како да има 1 милион жители! Каде е проблемот? ↓↓↓


Од редовите на Манчестер Јунајтед одбиле еден тим кој го барал младиот талент на клубот, Анхел Гомес.

До клубот пристигнала понуда за позајмица во последниот ден од преодниот рок но истата била веднаш одбиена од страна на Манчестер Јунајтед.

Причината за тоа е фактот што младиот Гомес се уште не го има продолжено договорот кој му истекува по крајот на оваа сезона.

Доколку бил постингат договор за продолжување на соработката, „ѓаволите“ ќе го пуштеле да си замине, меѓутоа бидејќи двете страни се далеку од договор се решиле да одбијат да го пуштат на позајмица.