Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер јунајтед до крајот на месецот нема да може да смета на услугите на голманот Давид де Хеа, барем така пишуваат англиските медиуми.
Шпанецот не беше синоќа на голот на мечот против Кристал Палас, а тренерот Оле Гунар Солскјер по натпреварот кажа дека голманот добил време за да ги реши своите приватни проблеми.
Тоа значи дека Де Хеа нема да брани против Манчестер сити, Вест хем и Лестер во Премиерлигата, како и против Милан во Лига Европа.
Неговото место меѓу стативите ќе го преземе одличниот Хендерсон, кој и против Кристал Палас имаше неколку одлични интервенции.