„Манчестер јунајтед е како супа од 100 состојки и ништо не е како што треба!“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер јунајтед никако да влезе во ритам ниту со новиот тренер Ралф Рангник, па повторно ги разочараа навивачите на претходните три натпревари.

Поранешниот дефанзивец на „црвените ѓаволи“, Гери Невил во една емисија зборуваше за проблемите со кои се соочува Јунајтед.

„Јунајтед е како супа од 100 состојки и ништо не е како што треба. Проблемот не е само во тренерот, зашто Солскјер го критикуваа и замина, а сега идентично е со Рангник. Секој ден има нови проблеми. Постојат шпекулации дека Покетино ќе биде нов тренер, а потоа дека Роналдо ќе замине. Нешто мора итно да се промени на ‘Олд Трафорд’“, вели Невил.

„Ѓаволите“ во моментов имаат 40 бодови на петтата позиција во Премиерлигата, односно еден помалку од Вест хем.