Манчестер Јунајтед ги прекина преговорите за Бруно Фернандеш: Пропаѓа ли уште еднаш трансферот на Португалецот?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Скај Спортс“ пренесува дека од Манчестер Јунајтед ги прекинале преговорите со Спортинг Лисабон откако португалскиот клуб речиси двојно ја зголемил цената за играчот за само два дена од стартот на преговорите меѓу двата клуба.

Се веруваше дека Манчестер Јунајтед ќе го добие Бруно Фернандеш за сума од 45 милиони фунти плус бонуси, но сега од Спортинг за него побарале сума од над 70 милиони фунти.

Тоа не им се допаднало на челницит ена Манчестер Јунајтед кои ги прекинале преговорите. Според „Скај Спортс“ истите нема да продолжат во следните денови, но се очекува Јунајтед повторно да испрати понуда во среда.

Бруно Фернандеш веќе се договори со Манчестер Јунајтед и негова намера е да заигра на „Олд Трафорд“, но засега проблем му прават од неговиот клуб.