Манчестер Јунајтед ги решава проблемите во одбраната со играч од нивната академија


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед се соочуваше со големи проблеми оваа сезона кога во прашање е одбраната на тимот.

„Ѓаволите“ годинава примија најмногу голови во својата историја. Давид Де Геа топката од својата мрежа мораше да ја вади дури 51 пат, а до крајот има уште две кола.

Се шпекулираше дека Манчестер Јунајтед ќе носи нов фудбалер од одбраната за следната сезона, но и покрај тоа, Солскјер ќе му даде шанса на Аксел Туанзебе кој импресионира со своите настапи во тимот на Астон Вила оваа сезона.

Солскјер ќе ги провери квалитетите на младиот фудбалер кој може да покрие неколку позиции во одбраната на претсезонската турнеја на клубот.