Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер Јунајтед денеска и официјално го потврди ангажманот на фудбалерот на Свонси, Даниел Џејмс.
Џејмс ќе биде прво засилување во ерата на Оле Гунар Солскјер кој не направи трансфер во зимскиот преоден рок.
„Манчестер Јунајтед е пресреќен што може да објави дека се договори со Свонси за трансферот на Даниел Џејмс. Даниел успешно ги помина медицинските прегледи во АОН Тренинг комплексонт. Повеќе детали ќе бидат соопштени по крајот на интернационалната пауза“- стоеше во соопштението испратено на официјалната страна на Манчестер Јунајтед.
Со коментар прв се јави легендарниот поранешен фудбалер на Манчестер Јунајтед и сегашен селектор на Велс, Рајан Гигс.
„Тој не е само фантастичен фудбалер, туку и фантаситчно момче. Тој може да достигне високо ниво, и да, Манчестер Јунајтед доби многу талентиран фудбалер“- истакна Гигс.
We’re delighted to have agreed terms, in principle, with Swansea City for the transfer of Daniel James to #MUFC.
Further details will be revealed in due course.
— Manchester United (@ManUtd) June 7, 2019