Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Англиските медиуми пишуваат дека постои можност за размена на фудбалери меѓу Манчестер јунајтед и Јувентус.
„Црвените ѓаволи“ го понудиле Пол Погба на тимот од Торино, а во размената го сакале Дејан Кулушевски, кој настапува за шведската репрезентација, иако има македонско потекло.
Јувентус имаше големи очекувања од Кулушевски затоа што има голем потенцијал, но засега не ги оправда на терените.
Оваа размена би можела да се реализира на лето, иако засега не е познато дали Јувентус е расположен за вакво нешто.