Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Медиумите во Италија пренесуваат дека Манчестер Јунајтед е подготвен да го понуди Алексис Санчез на Јувентус за во спротивен правец да пристигне Пауло Дибала.
„Кориере ди Торино“ пишува дека разговорите меѓу двата тима веќе биле во тек и дека наскоро треба да се знае и финалната разврска околу оваа ситуација.
Солскјер потврди дека сака да го има склопено тимот до 1 јули за кога е закажана првата прозивка по летниот одмор, па токму затоа од раководството на Манчестер Јунајтед мора да работат брзо за да ги обезбедат засилувањата во пресрет на следната сезона.
За Дибала има интерес од Атлетико Мадрид кој го гледа аргентинскиот фудбалер како перфектна замена за Антоан Гризман кој е пред заминување од клубот.