Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Манчестер Јунајтед наводно го обновил интересот за фудбалерот на Јувентус, Адриен Рабио.
„Ѓаволите“ се интересираа за францускиот интернационалец додека тој уште беше во редовите на ПСЖ, меѓутоа тој се реши да направи трансфер во Јувентус.
Сега, „Тутомеркато“ пишува дека Манчестер Јунајтед повторно се заинтересирал за играчот кој пак не се снајде најдобро во првата сезона како член на Јувентус. Рабио започна само на 11 средби во клубот од Торино оваа сезона, и можно е да си замине за Јуве да собере доволно финансиски средства за да ги донесе зацртаните трансфер цели.