Манчестер Јунајтед го прави Дин Хендерсон еден од најскапо платените голмани во Европа


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Преговорите помеѓу Манчестер Јунајтед и Дин Хендерсон за нов договор за играчот се во напредна фаза и влегуваат во клучната фаза.

Имено, се водат дискусии за екстремно богат договор кој ќе го направи Хендерсон еден од најплатените голмани во Европа.

Манчестер Јунајтед му нуди нов петгодишен договор, а Хендерсон бара цврсти гаранции дека во иднина ќе биде прв избор меѓу стативите на „Олд Трафорд“.

Солскјер е презадоволен од настапите на голманот и притиска тој да потпише долгогодишен договор со клубот.

Следната сезона веројатно ќе ја помине на позајмица, а освен Шефилд Јунајтед, интерес за него има и од други бројни клубови во Премиер лигата.