Манчестер Јунајтед го продава талентот кој го донесе Жозе Мурињо


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Манчестер Јунајтед е подготвен да слуша понуди за фудбалерот кој од Порто пред сезона и пол пристигна на „Олд Трафорд“, Диого Дало.

Дало беше донесен како голема надеж на португалскиот фудбал од страна на Жозе Мурињо, нонеговите чести повреди го оневозможија од дополнителен напредок на „Олд Трафорд“.

Наводно, Оле Гунар Солскјер бил согласен да се продаде играчот доколку во клубот пристигне вистинска понуда која ќе ги задоволи побарувањата на „ѓаволите“. Манчестер Јунајтед нема да брза со негова продажба, но голема е веројатноста тој макар привремено да го напушти „Олд Трафорд“ ова лето.