Манчестер Јунајтед го продолжи договорот со еден свој фудбалер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед денеска објави дека Брендон Вилијамс потпишал нов договор со клубот кој ќе го задржи на „Олд Трафорд“ до 2024 година.

Вилијамс со само 19 години се наметна како редовно решение на левата бековска позиција создавајќи му голема конкуренција на Лук Шо.

„Потпишувањето на овој договор е уште еден многу горд момент за мене и моето семејство Во Манчестер Јунајтед сум од седум години, сонот стана реалност со тоа што играм во првиот тим“ –изјави Вилијамс при продолжувањето на договорот.