Манчестер Јунајтед го растури Борнмут во натпревар со седум погодоци


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Екипата на Манчестер Јунајтед славеше убедлива победа на „Олд Трафорд“ против тимот кој грчевито се бори за опстанок, Борнмут.

Избраниците на Оле Гунар Солскјер одиграа уште еден доминантен натпревар во кој славеа со 5:2, а да не беше расположениот Рамсдејл на голот на Борнмут, резултатот ќе беше уште полош.

Резултатот го отвори Борнмут преку Жуниор Станислас кој погоди за водство во 15. минута, а потоа следеше симултанка на фудбалерите на Јунајтед.

Мејсон Гринвуд, Маркус Рашфорд и Енотни Марсијал до крајот на првиот дел донесоа водство за домаќинот од 3:1.

Во второто полувреме Борнмут намали на 3:2 преку Џошуа Кинг, но Јунајтед со два брзи гола на Гринвуд и Бруно Фернандеш стигна до убедлива победа.

Лестер им се врати на победите откако со високи 3:0 славеше против Кристал Палас и барем засега се одржа на третата позиција на табелата во Премиер лигата.