Манчестер јунајтед го запре сонот на непобедливите „граѓани“ 🎥


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Манчестер јунајтед го доби дербито против Манчестер сити на „Итихад“ со 2-0 и така ја прекина неверојатната серија на екипата на Пеп Гвардиола.

„Црвените ѓаволи“ на гости кај Сити славеа победа со 0:2. Натпреварот беше отворен рано, уште во втората минута. Мрежата на „граѓаните“ ја погоди Бруно Фернандеш од пенал.

Во продолжение од првиот дел Сити нападна и имаше иницијатива, меѓујтоа мрежата на Хендерсон не се тресеше. Вториот дел донесе помирна игра која му одговараше на Јунајтед.

Сити не можеше да дојде до посериозна прилика да постигне гол, доказ за тоа е податокот кој говори дека во цело второ полувреме „граѓаните“ имаа само еден шут во рамките на голот на Јунајтед. Конечните 0:2 ги постави Лук Шо на стартот од вторите 45 минути.

Со оваа победа Манчестер Јунајтед ја намали разликата со лидерот на табелата, но Сити и понатаму има големи 11 бодови предност.