Манчестер Јунајтед губеше, па го „здроби“ Њукасл (Видео)


ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст ↓↓↓


Екипата на Манчестер Јунајтед забележа убедлива победа од 4:1 на денешниот натпревар против Њукасл одигран на „Олд Трафорд“.

„Ѓаволите“ стравуваа од нов лош резултат затоа што гостите поведоа со голот на младиот Мати Лонгстаф во 17. минута.

Сепак, избраниците на Солскјер брзо се разбудија и по само седум минути го израмнија резултатот, а на 2:1 зголеми младиот Мејсон Гринвуд во 36. минута.

На четири минути до паузата, Маркус Рашфорд со својот 11 гол во Премиер лигата зголеми на 3:1 и најави победа на Јунајтед уште во првото полувреме.

Конечниот резултат го постави Ентони Марсијал во 51. минута кој ја искористи грешката на Шон Лонгстаф и по втор пат го совлада Мартин Дубравка.