Манчестер Јунајтед и Арсенал во битка за напаѓач на Монако


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Угледнит „Л’Екип“ пишува дека Манчестер Јунајтед и Арсенал се заинтересирани во своите редови да го донесат напаѓачот на Монако, Висам Бен Једер.

29 годишниот фудбалер беше интересен за Јунајтед и во 2018 година, меѓутоа тогаш трансферот не се реализира.

Сепак, сега Јунајтед ќе се обиде да го донесе играчот доколку Одион Игало ја прифати богатата понуда за продолжување на соработката со Шангај и одбие да остане на „Олд Трафорд“ на перманентна основа.

Арсенал пак Бен Једер сака да го донесе како замена за Лаказет кој се поизвесно е дека ќе замине од клубот ова лето.