Манчестер Јунајтед и Спортинг блиску до договор околу Фернандеш


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Последните најави од Португалија говорат дека Манчестер Јунајтед и Спортинг Лисабон се блиску до компромис за трансферот на Бруно Фернандеш.

Играчот сака да го засили англискиот клуб, меѓутоа неговиот матичен тим, Спортинг не го пушта за цена пониска од 50 милиони футни.

Сепак, како што стојат работите, двете страни се пред договор, а Манчестер Јунајтед ќе треба да плати околу 48 милиони фунти, а во договорот ќе бидат вклучени и бонуси по кои трансферот би можел да биде и поголем.

Како и да е, Бруно Фернандеш ќе го одигра натпреварот против Маритимо овој викенд, а дури потоа би можел да замине во Манчестер каде прво ќе ги мине медицинските прегледи, па потоа ќе потпише договор со клубот.