Манчестер Јунајтед има поскапа алтернатива ако не го купи Манџукиќ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Марио Манџукиќ го стопирал трансферот во Катар за да реализира трансфер на Островот од каде постои интерес од Манчестер Јунајтед и Вест Хем.

Манчестер Јунајтед го посакуваше Манџукиќ и во летниот преоден рок, но тогаш не дојде до договор, па сега можен е негов јануарски трансфер на „Олд Трафорд“.

Сепак откако во трката се вклучи и Вест Хем кој му нуди првотимски статус на Хрватот, Манчестер Јунајтед би можел повторно да извиси.

Токму затоа „ѓаволите“ доколку не успеат да го донесат Манџукиќ ќе се насочат кон ангажман на Муса Дембеле од редовите на Лион. Дембеле ќе биде многу поскапа варијанта од Манџукиќ и ќе биде многу потешко да се донесе сред сезона затоа што е клучен играч за францускиот клуб.

Затоа Хрватот останува прв избор за Манчестер Јунајтед за во јануарскиот преоден рок.