Манчестер Јунајтед испрати богата понуда за Мегваер, Лестер експресно ја одби


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Еден од најеминентните светски спортски медиуми „Скај Спортс“ пренесе дека Манчестер Јунајтед во текот на денешниот ден испратил понуда до Лестер за услугите на Хари Мегваер.

„Ѓаволите“ испратиле понуда од 70 милиони фунти, но истата веднаш била одбиена од страна на Лестер.

„Лисиците“ за услугите на Мегваер бараат понуда повисока од најскапиот дефанзивен трансфер на Ван Дајк кој за 75 милиони фунти премина од Саутемптон во Ливерпул.

Се верува дека Лестер за англискиот репрезентативец еќ бара сума од околу 85 милиони фунти што не е прифатлива ниту за Манчестер Јунајтед, а ниту за Манчестер Сити.