Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Англискиот фудбалер Џејдон Санчо сè уште не им се извини на соиграчите и стручниот штаб, па поради тоа Манчестер јунајтед ќе го продава во јануари.
Санчо пристигна од Борусија Дортмунд за 85 милиони евра, но не ги оправда очекувањата, а „ѓаволите“ немаат намера да ја спуштат премногу цената и го продаваат за 80 милиони евра.
Екипа која покажа интерес за Санчо е Ал-Хилал од Саудиска Арабија, кој има потреба од крилен играч.
Иако Англичанецот не е заинтересиран за преселба во С. Арабија, сепак најверојатно ќе добие понуда која ќе биде тешко да ја одбие.