Манчестер Јунајтед ја пикираше замената за Ромелу Лукаку


Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Белгискиот репрезентативец Ромелу Лукаку е се поблиску до заминување од Манчестер Јунајтед.

Неговиот агент е во преговори со Интер и Јувентус, и повеќе од јасно е дека играчот наскоро ќе се пресели во Серија А.

По заминувањето на Лукаку, Манчестер Јунајтед ќе се обиде да донесе негова замена која ќе игра во срцето на нападот.

„Л’Екип“ пренесува дека Манчестер Јунајтед се распрашува за Муса Дембеле од редовите на Лион. Младиот напаѓач има одлична сезона во францускиот клуб по неговиот трансфер од Селтик.

За неговите услуги, Манчестер Јунајтед ќе треба да издвои околу 40 милиони фунти.