Манчестер Јунајтед ја разгледува опцијата да ангажира фудбалер на Монако

Од таборот на Манчестер Јунајтед се заинтересирани во своите редови да го донесат фудбалерот на Монако, Беноа Бадаишиле.

Станува збор за одличен дефанзивец кој е редовен репрезентативец на Франција во младинските категории, а со клубот од Кнежевството има договор до 2024 година.

Бадаишил оваа сезона настапи на 20 натпревари во дресот на Монако, а за него интерес има и од таборот на Рен кој веќе испратил понуда од 15 милиони евра за неговите услуги.

Инаку, Беноа Бадаишил е посочен како „новиот Кулибали“ и него му се предвидува блескава иднина.