Манчестер Јунајтед ќе добие неочекувано добра понуда за нивниот отпишан играч


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед ќе може да си „игра“ со цената на аргентинскиот репрезентативец, Маркос Рохо кој веројанто ќе си оди од клубот ова лето.

За искусниот 30 годишен фудбалер кој во моментов настапува за Естудијантес, покрај клубот во кој игра на позајмица се интересира и Бока Јуниорс.

Двата аргентински гиганти ќе се борат за  потписот на Маркос Рохо, а од оваа борба најмногу ќе добие Манчестер Јунајтед.

„Ѓаволите“ ќе успеат да го продадат Рохо за сума од 12 милиони фунти, што е сосема прифатлива за играч кој го платија 16 милиони фунти пред шест години.