Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Манчестер Јунајтед ќе го продолжи договорот за позајмица на Одион Игало кој ќе остане на „Олд Трафорд“ најмалку до крајот на оваа сезона.
Игало имаше договор со Манчестер Јунајтед до месец мај, но сега тој ќе остане во клубот до крајот на сезоната, кога и да се случи таа.
Јасна е желбата на Манчестер Јунајтед да го потпише Игало и на перманентна основа, а за тоа ќе мора да му плати на Шангај 15 милиони фунти.
Проблем би можел да предизвика договорот кој Шангај му го нуди на Игало, а кој е во висина од 400.000 фунти неделна плата, додека Манчестер Јунајтед му нуди најмногу 150.000 фунти неделна плата.