Манчестер Јунајтед ќе го пушти Џејмс да си оди по само една сезона во клубот


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед ќе се согласи да го пушти Даниел Џејмс да си оди од клубот по само една сезона помината на „Олд Трафорд“.

Брзоногиот крилен фудбалер одлично ја започна авантурата во Манчестер Јунајтед, но потоа пропадна во сивилото на клубот и тотално се изгуби.

Тимот на Лидс Јунајтед се заинтересирал за него и е подготвен да го донесе велшкиот репрезентативец во своите редови како позајмен фудбалер.

Манчестер Јунајтед е согласен да го пушти, но проблем во моментов претставува фактот што тој е единствено разумно решение за резервна опција за Мејсон Гринвуд на десната крилна позиција.

Доколку Солскјер обезбеди ново десно крило, речиси сигурно Даниел Џејмс ќе го напушти „Ол Трафорд“.