Манчестер Јунајтед ќе испрати нова понуда за Санчо, Солскјер бил во контакт со играчот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер Јунајтед размислува да испрати нова понуда за услугите на Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд.

Во текот на вчерашниот ден беше одбиена една понуда од Манчестер Јунајтед во висина од 80 милиони евра плус 20 милиони евра во бонуси.

Солскјер имал разговори со Санчо оваа недела, а Манчестер Јунајтед и Борусија Дортмунд се во интензивни преговори од понеделникот.

Засега се уште двете страни не се ни блиску до договор, но Јунајтед ќе испрати уште една понуда за играчот.