Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Манчестер јунајтед сака следната сезона да има доволно моќен тим за да може да ги нападне сите титули, а веќе ги ангажираше Џејдон Санчо и Рафаел Варан.
„Црвените ѓаволи“ не сакаат тука да запрат, па сега се заинтересирани за францускиот талент Едуардо Камавинга.
Познатиот новинар Фабрицио Романо, кој ретко греши за трансфери, објави дека Рен е подготвен да го продаде Камавинга за 30 милиони евра зашто тој има договор до следното лето.
Камавинга е голема желба и на тренерот Оле Гунар Солскјер, а сега Манчестер јунајтед е во пол-позиција да го украде големиот талент од пред носот на Реал Мадрид, кој долго време го следи младиот фудбалер.