Манчестер јунајтед ќе ја отвори сезоната без важно засилување!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер јунајтед ќе мора во првиот меч од новата сезона да настапи без Расмус Хојлунд, кој пристигна на „Олд Трафорд“ за 75 милиони евра плус 10 милиони во бонуси.

Хојлунд минатата сезона постигна 16 голови и девет асистенции на 42 настапи за Аталанта и се очекува да биде големо засилување за „црвените ѓаволи“, но ќе мора да почека за своето деби.

Данскиот напаѓач дефинитивно нема да настапи на првиот меч против Вулверхемптон поради повреда на грбот, а засега не е познато ниту дали ќе настапи на вториот дуел против Тотенхем.

Неговото деби се очекува да се случи против Нотингем Форест на крај на август.