Манчестер јунајтед ќе оди на „сè или ништо“ по еден од најдобрите напаѓачи во светот


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер јунајтед сезонава разочара и не обезбеди место во Лигата на шампиони (ЛШ), иако во тимот пристигна Кристијано Роналдо и се очекуваше да го предводи тимот во борба за титулата.

Јасно е дека се потребни промени во премиерлигашот, па тие почнаа со смена на тренерот и сега новиот стратег Ерик Тен Хаг ќе има пеколно лето.

Луис Саха за медиумите кажа дека Јунајтед треба да тргне по напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн и тоа треба да е приоритет на Тен Хаг, иако тој имаше поразлични идеи.

Кејн досега беше желба на многу тимови, но Тотенхем никогаш не го пушти затоа што нивниот газда имаше луди барања.