Манчестер јунајтед ќе потроши 60 милиони евра за ѕвезда на Челси


Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Англискиот гигант Манчестер јунајтед планира во следниот преоден рок да го купи 27-годишниот француски репрезентативец Кристофер Нкунку од Челси.

Нкунку не е стартер кај Енцо Мареска, иако постигна доста голови оваа сезона, па поради тоа не е задоволен и наводно сака да го напушти „Стемфорд бриџ“.

Рака за спас му дава големиот ривал Манчестер јунајтед, кој наводно е подготвен да плати 60 милиони евра за услугите на Французинот.

„Ѓаволите“ претходно сакаат да го продадат Џошуа Зиркзе кој пристигна од Болоња, но се покажа како големо промашување во досегашниот дел од сезоната.