Манчестер Јунајтед ќе притиска за ангажман на три засилувања


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед ќе притиска за ангажман на тројца фудбалери во летниот преоден рок.

Топ трансфер мети на „црвените ѓаволи“ ќе бидат Џејдон Санчо, Џек Грилиш и Џуд Белингем.

Манчестер Јунајтед се поврзува и со многу други фудбалери, пред се некои од нападот, но се верува дека овие тројца играчи ќе бидат играчите кои „ѓаволите“ ќе се обидат да ги ангажираат.

Секако дека не се исклучува можноста за ангажман и на напаѓач, доколку Одион Игало не се договори за перманентен трансер на „Олд Трафорд“, а се уште останува отворена опцијата за заминување на Пол Погба, па доколку Французинот си замине од клубот речиси сигурно ќе донесат негова замена.