Манчестер Јунајтед ќе пушти дури тројца фудбалери во јануарскиот преоден рок

Манчестер Јунајтед ќе им дозволи на тројца од своите млади фудбалери да одат на позајмица во јануарскиот преоден рок.

Анхел Гомез, Тахит Чонг и Џејмс Гарнер ќе добијат одврзани раце да побараат нова средина каде би играле првотимски фудбал со цел да стекнат поголемо искуство во пресрет на следната сезона.

Оваа година Чонг и Гомез добија шанса од Солскјер, но не ја искористија, барем не засега затоа што се гледаше дека им е потребно првотимско искуство.