Манчестер јунајтед купува нов фудбалер: Солскјер на праг да донесе засилување од Милан


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Манчестер јунајтед е заинтересиран за фудбалерот на Милан, Хакан Чаланоглу, кој во последно време игра во одлична форма и не чуди што премиерлигашот покажа интерес за неговите услуги, но „росонерите“ нема толку лесно да се откажат од него.

Чаланоглу има договор до крајот на сезоната, но Милан сака да го задржи и во моментов преговара, сепак италијанските медиуми објавија дека тие се далеку од договор.

Јунајтед во моментов почнал преговори со агентот на турскиот репрезентативец и подготвен е да ги исполни неговите барања, па доколку Чаланоглу не потпише нов договор со Милан, тогаш „росонерите“ дефинитивно ќе решат да го продадат и да заработат барем нешто од негов трансфер.