Манчестер јунајтед може да го откупи договорт на Тен Хаг за малку пари?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ерик Тен Хаг од Ајакс постојано се поврзува со преселба на кормилото на Манчестер јунајтед, а засега тој не ги демантираше шпекулациите и наводно веќе се почнати преговорите.

Тен Хаг преговара со премиерлигашот, но засега ќе остане во Ајакс, и тоа до крајот на сезоната, по што би можел да замине во Манчестер.

„Црвените ѓаволи“ ќе мора да платат откупна клаузула за Тен Хаг, односно да потрошат околу два милиони евра, кои ќе ги добие Ајакс.

Оваа сума не треба да е проблем за „ѓаволите“, а Тен Хаг треба да го наследи Ралф Рангник на кормилото на премиерлигашот, кој е привремен стратег и потоа се сели во Управниот одбор на тимот.