Манчестер Јунајтед на преговори со агентот на играчот кој ќе биде топ приоритет за средниот ред


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Од раководството на Манчестер Јунајтед се сретнале со агентот на Бруно Фернандес и се распрашувале за можноста играчот да се пресели на „Олд Трафорд“.

По првата начелна средба, се очекува двете страни повторно да седнат и да преговараат за евентуалниот ангажман на 24 годишниот фудбалер.

Фернандес зад себе има одлична сезона во која постигна 32 погодоци и асистираше 18 пати во вкупно 53 одиграни натпревари.

Јунајтед утре ќе го официјализира трансферот на Ван Бисака, а веднаш потоа Вудвард ќе тргне по Шон Лонгстаф и Бруно Фернандес.