Манчестер јунајтед оди по титулата: Солскјер договори две засилувања од Мадрид


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Премиерлигашот Манчестер јунајтед планира уште неколку трансфери до крајот на трансфер периодот.

Англискиот клуб веќе се договори со Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд, а во одбраната се очекуваат двајца фудбалери од Мадрид.

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Рафаел Варан е на праг да потпише со клубот од „Олд Трафорд“, но и десниот бек Киеран Трипие од Атлетико Мадрид ќе се пресели во Манчестер.

„Црвените ѓаволи“ за двата трансфери ќе платат околу 80 милиони евра, а се очекува реализација на плановите на Оле Гунар Солскјер во следните недели.

Варан има договор со Реал до 2023 година, но не сака да го продолжи, па поради тоа шпанскиот тим не сака да ризикува слична ситуација како со Серхио Рамос.