Манчестер Јунајтед плаќа 12 милиони фунти за да се ослободи од двајца играчи


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед одигра уште една сезона за заборав, а многу од играчите пружија катастрофално лоши настапи.

Токму затоа, од раководството на „ѓаволите“ се подготвени да платат околу 12 милиони фунти за да се ослободат од две ѕвезди на клубот.

Имено, за Алексис Санчез и Маркос Рохо кои се уште имаат важечки договори со клубот ниту еден клуб не е заинтересиран да плати оштета за да ги доведе во своите редови. Токму затоа, од Манчестер Јунајтед ќе им ги раскинат договорите и ќе им платат соодветно обесштетување, па и двајцата ќе може да побараат нова средина во летниот преоден рок.