Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо нема добра сезона во Манчестер јунајтед и затоа се шпекулира за негово заминување на лето.
Роналдо минатата година пристигна во Јунајтед од Јувентус, но вториот мандат на „Олд Трафорд“ нема да го памети по добро.
Јунајтед бара нов напаѓач и наводно замената за Роналдо ја пронајде во Италија. „Црвените ѓаволи“ го сакаат Виктор Осимен од Наполи, но за него ќе мора да платат 100 милиони евра.
Осимен оваа сезона настапи на 22 меча, а притоа постигна 11 голови. Раководството на клубот веќе имало контакти со напаѓачот и се очекува напад на неговиот потпис следното лето.
Интересно е тоа што Роналдо е најдобар стрелец во Премиерлигата за Јунајтед со девет гола, иако има лоша сезона.