Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер јунајтед е подготвен да испрати понуда од 72 милиони фунти за ѕвездата на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ.
„Скај Спорт“ пишува дека понудата наскоро ќе биде испратена, а наводно постои можност Лацио да не се согласи на тоа, зашто претседателот Клаудио Лотито бара 100 милиони евра за својот фудбалер.
СМС е долгогодишна желба на „црвените ѓаволи“, а посебно интерес за него покажаа кога тренер беше Жозе Мурињо, но тие никогаш не се договорија.
Милинковиќ-Савиќ досега одигра 138 меча за Лацио и притоа постигна 31 гол.
Покрај интересот на Јунајтед, за СМС е заинтересиран и францускиот гигант ПСЖ, па останува да видиме кој ќе ја добие битката.